Свет

Во Украина ќе се создадат 7 хуманитарни коридори

Во Украина ќе се создадат 7 хуманитарни коридори

Украинската вицепремиерка Ирина Верешук изјави дека денеска ќе бидат создадени 7 посебни хуманитарни коридори со цел да се стигне до хуманитарна помош во земјата и да се олесни минувањето на оние кои сакаат да ја напуштат.

Таа изјави дека покрај 3 посебни хуманитарни коридори од Мариупол, Бердјанск и Токмак до Запорожје, ќе бидат отворени и 4 посебни коридори од Северодњецк, Лишанск, Попасна и Гирске до градот Бахмут.

Од друга страна, Верешук најави дека вкупно 22 автобуси придружувани од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) ќе тргнат од одредените региони на релација Бердјанск-Зипаројје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни