Во Велес со ликовна работилница се одбележува Светскиот ден на лицата со хендикеп

Во ПОУ „Маца Овчарова“ во Велес денеска се одржа 22. Републичка ликовна работилница на која учествуваа педесетина ученици од Основните училишта од Велес  и Велешко, а заедно со нивните врсници од посебните основни училиште од Скопје, Струмица, Прилеп, Свети Николе и Кавадарци.Тие на слободна тема цртаа и  боеја  акварели  на веќе готови грнчарски производи.

Како што појаснува за МИА, Ленче Гаданец директор на ПОУ „Маца Овчарова“ оваа ликовна работиница која работи од 1997 до денес, веќе 22 години преку  бројните креативни создадени дела  – сликање на грнчарски производи  ја задржа симболиката на велешкиот уметнички идентитет.

-На оваа работилница  децата од посебните основни училишта од цела држава преку креативните ликовни дела на оваа работилница се дружат  со нивните врсници од редовните основни училишта. Позитивните емоции,дружењето, новите пријателства од заедничкото инклузивно создавање уникатни уметнички детски творби се најважната придобивка  од оваа работилница која веќе е традиционална и единствена од ваков вид во земјава, потенцира Гаданец.

Ликовната работилница беше збогатена со културно-уметничка програма.

Воедно неделава во рамки на одбележувањето на 3  декември – Светскиот ден на лицата со инвалидност, учениците ПОУ „Маца Овчарова“ имаа и спортски натпревари и дружења со ученици од другите велешки училишта.

Извор: Сител