Кандидатот за премиер Димитар Ковачевски се обраќа од Собранието пред гласањето за нова Влада. Тој одговара на сите прашања и обвинувања кои изминатите два дена беа „испратени“ кон него во законодавниот дом.
По обраќањето на Ковачевски се очекува Собранието пред полноќ да гласа за новата Влада која како што дознава 4NEWS.mk ќе добие поддршка од 63 пратеници, бидејќи пратеникот Изет Меџити не е присутен во салата и тој нема да даде поддршка на новата Влада.
За утре во 9 часот е најавено примо-предавањето на функцијата, односно во владиниот кабинет Зоран Заев ќе му ја предаде функцијата на неговиот наследник Димитар Ковачевски.
Заев поднесе оставка од функцијата откако ги изгуби локалните избори.