Забраната за користење на водата за пиење во Струга останува и покрај тоа што состојбата со квалитетот постепено се нормализира.
Денешните мерења во градот и селата приклучени на градскиот водовод покажуваат дека матноста е во границите на законски дозволените вредности.
Во тек се физичко-хемиски и микробиолошки анализи во лабораториите на Центар за јавно здравје кои ќе бидат доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.Инаку водата веќе 4 дена не е безбедна за пиење.
Ова не е прв пат да се случи водата од струшкиот водовод при пообилни врнежи од дожд да се замати. Тоа е аларм за надлежните да интервенираат.
Надлежните очекуваат дека наскоро ќе биде повлечена забраната а екипите на центарот за јавно здравје остануваат на терен да ја следат состојбата.
Извор: Сител