Вонредниот инспекциски надзор за МРП вакцините

Министерот за здравство, Венко Филипче побарал формирање на комисија за вонреден надзор врз МРП вакцините со кои се имунизираат децата.

Во изминатите два дена била спроведена проверка по што било констактирано дека вакцините се со важечки рок и целосно безбедни.

„Надзорот изврши контрола во повеќе вакцинални пунктови и беа детално исконтролирани фабричките рокови втиснати на сите кутии и на внатрешните пакувања од страна на производителот. Утврдено беше дека сите вакцини се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година. Надзорот констатираше дека од страна на увозникот, компанијата Македонија лек бил направен технички пропуст. Имено, компанијата Македонија лек, кај мал број од пакувањата залепила стари декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз кој бил со важност до октомври 2018 година. За оваа констатација на инспекцијата ја информиравме и  компанијата Македонија лек. Родителите и граѓаните може да бидат спокојни и слободно да продолжат со редовната имунизација на децата. Вакцините во вакциналните пуктови се со проверен квалитет и безбедност и во исправен рок на траење“, стои во испратеното соопштение од МЗ.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното