Свет

Вооружени лица упаднаа во црква во Нигерија, убија верници и киднапираа свештеник

Вооружени лица упаднаа во црква во Нигерија, убија верници и киднапираа свештеник

Најмалку две лица беа убиени, а еден свештеник и неколку верници беа киднапирани во вооружен напад врз црква во Еруку, во централна Нигерија, соопшти денес локалната полиција, додека очевидци велат дека бројот на жртви е поголем.

Портпаролката на полицијата на државата Квара, Адетун Еџире-Адејеми, изјави дека полицајците кои реагирале на пукањето околу 18 часот по локално време пронашле едно тело во црквата, а друго во блиските грмушки, објави Ројтерс.

Очевидци тврдат дека најмалку тројца верници биле убиени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни