Денеска (06.04.2025) полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле Х.К.(22) и А.М.(35) поради сомнение за сторено кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило“ предвидено во член 297 А од КЗ, а поради управување на возило под дејство на алкохол.
Имено, кај Х. К. е констатирано дека возилото го управувал со 2.65 промили алкохол во крвта, додека кај А. М. констатирано е дека истиот го управувал возилото со 3.34 промили алкохол во крвта.
Лицата се задржани во ОВР Кавадарци, известен е Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.