Временска прогноза: Ладно време со врнежи од снег од вторник

Ладното време ќе продолжи и во текот на наредната седмица, а од вторник попладне се очекуваат локални врнежи, кои ќе бидат претежно од снег. Овие врнежи ќе бидат поизразени во западните и југозападните делови на Македонија, каде што во дел од градовите ќе се формира помала снежна покривка, додека на планините и скијачките центри снежната покривка дополнително ќе се зголеми.

Ветер и температури

Слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец
Минимални температури – остануваат под нулата во утринските часови
Максимални температури – ќе бидат уште пониски од сегашните и ќе се движат само неколку степени над нулата, додека на повисоките места и планините ќе бидат околу или под нулата

Времето во Скопје

Во Скопје и околината, од вторник па во деновите потоа, ќе има услови за повремени слаби врнежи од дожд и снег, како и влажен снег. Повремено ќе засилува југоисточен ветер.

Со оглед на ниските температури, се препорачува внимателност при движење, особено на планинските патишта и во утринските часови поради можност за појава на мраз.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното