Врнежи од дожд и снег во текот на денот

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.