Премиерот во оставка на Србија Милош Вучевиќ зборуваше за инцидентот со автомобилот на српскиот претседател Александар Вучиќ и рече дека очекува истрагата да покаже што се случило – дали пукнала гумата, му паднало тркалото и како е тоа можно.
Вучевиќ изјави дека претседателот останал апсолутно смирен, отишол на средбата и испратил важни пораки. Како што рече, разговарал со претседателот и немало ништо што укажува на инцидент.
„Кога го објавивте, јас го контактирав“, изјави Вучевиќ.
Тој изјави дека е среќа што се завршило без поголеми последици и што не се повредени ниту претседателот, ниту членовите на обезбедувањето, но и што на патот немало други возила. Тој истакна дека мажот од Кобра кој возел постапил максимално сериозно.
Вучевиќ рече дека во врска со злонамерните коментари сакал да каже дека сите возила во службената придружба имаат вградени камери и дека тоа е дел од задолжителната опрема.
Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ доживеа инцидент со гума на службениот автомобил.
На видеото кое е објавено на страницата 192 на Инстаграм може да се види како автомобилот оди на сред пат, почнува да лебди, а следниот момент паѓа задното лево тркало. Автомобилот потоа застанува, обезбедувањето излегува и видеото завршува таму.