Вучиќ: Ќе ги поканам коалициските партнери на разговори – оваа година одиме на избори!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостувајќи на телевизијата „Blic“, говореше за дневно-актуелните теми и истакна дека ќе ги повика коалициските партнери на разговор

„Јас најпрво ќе ги повикам коалициските партнери на разговор, ќе ги повикаме и претставниците на парламентарните опозициски партии за да дебатираме. Во нормална земја е ненормално да не одговорите. Опстанува повторно истото – ‘нема да одиме кај злосторникот’. Проблемот е во тоа што политиката не ми ја водат ни РТС, ни ‘Информер’, ни ‘Пинк’. Проблемот е што тие немаат своја политика, нивната политика е Драган Шолак, кој вели дека ако се видите со него, нема да бидете присутни на моите медиуми. А тие тоа не сакаат да го ризикуваат. Нивната политика ја води еден тајкун. И сите го знаете тоа. Што прават меѓу себе – не ме ни интересира,“ наведе Вучиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на крајот од разговорот истакна дека годинава ќе распише избори, кои најверојатно ќе се одржат на есен.