Вучиќ: Кртените имаат најголем број лајкови на социјалните мрежи

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа за време на гостувањето на TV Hepi ја коментираше објавата на Nova.rs за неговиот однос со колегите.

Текстот за тоа како тој со пасивна агресија ги „постројува“ луѓето во СНС тој го доживеа како напад.

„Денеска ме напаѓаат на насловна бидејќи, велат, Вучиќ му викал на човек од кабинетот на Ана затоа што доцнел на состанок во Палатата. Како може да доцните на состанок, што сме ние, ловечко или риболовно друштво? Како мислите да доцните на важен состанок, од каде правото да доцните, а ништо не ви се случило, немате проблем во семејството, вашето дете не е болно, ништо не се случило?

Што е проблем да стигнете навреме? За каква почит кон институциите станува збор, не станува збор за односот кон Александар Вучиќ или Ана Брнабиќ. Се работи за однос со институциите на оваа држава… И поради тоа испаднав невиден кретен кој малтретира некого, горд сум на тоа“, рече Вучиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното