Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на испораката на турските беспилотни летала „Скајдагер“ на Косово, велејќи дека е ужаснат од таков потег на Анкара.
Тој напиша на платформата X дека Турција со овој потег ја крши Повелбата на ОН и Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.
„Сега е сосема јасно дека Турција ја уништува стабилноста на Западен Балкан и дека сонува повторно да ја обнови Отоманската империја. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката“, рече Вучиќ.
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, потврди дека е завршена претходната испорака на илјадници борбени беспилотни летала „Скајдагер“, како дел од договорот со турската компанија Бајкар, потпишан минатата година, пренесува Анадолу.
На социјалната мрежа Фејсбук, Курти објави дека „контејнери со илјадници камикази беспилотни летала „Скајдагер“ пристигнаа денес на меѓународниот аеродром во Приштина „Адем Јашари“, додавајќи дека „десетици членови на Косовските безбедносни сили веќе се обучени да ги користат“.
Сада је потпуно јасно да Турска не жели стабилност Западног Балкана и да поново сања обнову Отоманске империје. https://t.co/l1hWFIaNyv
— Александар Вучић (@avucic) October 8, 2025
Читај и ова:
- 1.ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО БИТОЛА: Автомобил удри во пешак и неговото куче, човекот тешко повреден, миленикот усмртен
- 2.Хорор во старички дом во Скопје: Стари лица заклучувани, спиеле по двајца во кревет и јаделе храна со поминат рок – поднесена кривична пријава против две сопственички
- 3.ВИДЕО Сомнителен куфер оставен пред штабот на ВМРО–ДПМНЕ, се евакуираат неколку згради!
- 4.Почина гитаристот Дејан Божиновски
- 5.Почина Панчо Минов: Поранешниот пратеник и градоначалник на Кавадарци, дел од првиот состав кој изгласа независност