Вучиќ: Не добивме позитивна одлука од САД за Нафтената индустрија, Србија даде дозвола за затворање на рафинеријата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес, по состанокот со тимовите задолжени за енергетската стабилност и безбедност на земјата, изјави дека не добиле позитивна одлука од САД за лиценца за продолжување на работата на НИС, и дека српската страна дала дозвола за затворање на рафинеријата во Панчево. Министерот за рударство денес ќе го информира НИС дека немаме индикации дека САД ќе доделат лиценца за работа на рафинеријата во Панчево, што ќе предизвика прекин на работата на рафинеријата, рече Вучиќ.

„Граѓани на Србија, немаме добри вести за вас во врска со напредокот по прашањето на НИС, ќе ви дадеме некои важни информации за мерките и што презема државата Србија и што ќе правиме во наредниот период. Ние, почитувани граѓани на Србија, очекувавме да добиеме лиценца за продолжување на снабдувањето со нафта на нашата рафинерија во Панчево од владата на САД, да не навлегуваме во тоа дали тие донесуваат одделни одлуки, па ги комбинираат или ги донесуваат заедно, не добивме позитивна одлука од САД“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека е разочаран, но и изненаден, бидејќи не гледа, како што рече, што добиле од тоа.