Балкан

Вучиќ: Одржувањето на манифестацијата Европрајд не е можно во моменти на тешка криза на Косово

Вучиќ: Одржувањето на манифестацијата Европрајд не е можно во моменти на тешка криза на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека ЛГБТ манифестацијата Европрајд, која беше најавена за септември во Белград, ќе биде откажана „или одложена“.

Во своето обраќање до граѓаните, Вучиќ рече дека одржувањето на манифестацијата не е можно во моментите на „тешка криза на Косово и Метохија“ која, како што оцени, нема да заврши барем до 31 октомври.

„Не го велам тоа затоа што сум многу среќен затоа што нема парада, ги загрозуваме правата на малцинството, но државата е под притисок од сите можни проблеми, мора да се справиме со храна и суша, со енергетските проблеми. Едноставно, во одреден момент не може се да се постигне“, рече Вучиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни