Вучиќ во среда ја покани Ректорската управа на дијалог за решение на актуелната ситуација

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ја покани Ректорската управа на Универзитетот во Белград да започне дијалог во среда, на 5 февруари, во време што им одговара, во чии рамки ќе се најде решение за актуелната состојба во која наставата на високообразовните институции сè уште е блокирана.

Посочи дека повикува на разговор заради благосостојбата, не само на младите, туку и на целото општество.

„Доколку студентите и професорите имаат став дека дел од барањата не се исполнети или дека не се целосно исполнети, потребно е да се отвори дијалог за ова, како и за сите други прашања кои можат да бидат од значење за надминување на сегашната состојба“, рече претседателот Вучиќ.