За новата игра на „Мајкрософт“ – нов џојстик

Гигантот „Мајкрософт“ најави нов модел на џојстикот за конзолите „Икс-бокс“, односно сериите „Ес“ и „Икс“.

Уредот е претставен на собирот со назив „Гејмском 2021“, а во пресрет на пуштањето во продажба на новата видеоигра „Forza Horizon 5“.

Се работи за џојстик кој е проѕирен, а куќиштето е жолто со сини и розови бои што го украсуваат. Копчињата се, исто така, розови, додека пак симболите на нив се сини.

И аналогното копче е розово-сино, а новиот додаток доаѓа и со црни гумени држачи.

Цената на новиот џојстик е 74,99 долари, или 15 долари поскапо во споредба со стандардниот од 59,99 долари. Преднарачките веќе се прифаќаат, а продажбата почнува на 9 ноември, заедно со онаа на „Forza Horizon 5“.