За трагедијата во Кочани повикани на информативен разговор поранешни министри за економија

„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек“, информираат од Јавното обвинителство

Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, дознава „360 степени“ од извор во истрагата. Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН.

Истрага се проширува на нови дваесетина лица, а деветнаесет од нив се веќе обезбедени и се вршат разговори. Меѓу нив е Дритон Кучи, екс министер за економија кој во моментов ја извршува функцијата амбасадор на Македонија во Норвешка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното