За три години откриени над 31.000 фалсификувани евро монети во Македонија

Како и во претходните години, и во текот на 2024 година има појава на релативно големи количини  фалсификувани монети на евра, информира Народната банка во годишниот извештај. 

Лани биле откриени вкупно 6.181 парчe фалсификувани монети на евра, од кои 4.738 парчиња во апоен од две евра и 1.443 парчиња во апоен од евро евро. Од останатите валути, забележани се вкупно 21 фалсификувана монета.

Инаку, во годишниот извештај од Народната банка информираат дека во однос на извршените експертизи на доставените сомнителни книжни пари деноминирани во странски валути во 2024 година, од вкупно 549 направени анализи се утврдени 291 фалсификуванa парa и 258 оригинални пари.

Во вкупниот број фалсификувани книжни пари, најзастапени се книжните пари во евра (214 парчиња) и американски долари (70 парчиња).

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното