Забите не треба да ги миете веднаш по јадењето поради една причина
Забите не треба да ги миете веднаш по јадењето затоа што тие и непцата омекнуваат за време на оброкот, па полесно е да ги оштетите ако веднаш ги триете со четката. Експертите препорачуваат да почекате барем 30 до 40 минути.

Иако пливањето се препорачува поради низа позитивни здравствени ефекти, никако не се препорачува водата од базенот да ви влезе во устата. Причината е што сретствата за дезинфекција и одржување на водата содржат состојки штетни за забите, а научниците уште во осумдесеттите спровеле истражување во кое е утврдено дека 40 проценти од испитаните професионални пливачи имаат голем проблем со забите.
Кафето пијте го што е можно побрзо и избегнувајте развлекување на конзумацијата на повеќе од 20 минути, затоа што на тој начин му давате повеќе време на кофеинот да ја уништи глеќта и бојата на забите.
Забите секогаш мијте ги посебно, никако немојте тоа да го правите во исто време кога се туширате или седите на ВЦ шолјата. Ова е процес на кој треба во потполност да му се посветите.
Експертите советуваат да ја пуштите омилената сопствена песна или песната на своето дете, затоа што на тој начин ќе му го свртите вниманието две-три минути.
Подготви: Наталија Јосифоска
