Забранети се посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болниците. Строго се бара почитување на куќниот ред, носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување дистанца.
Овие мерки се препорака на Комисијата за заразни болести, а Министерството за здравство ги задолжува здравствените установи да ги спроведат.
Мерките се клучни за здравјето на пациентите и персоналот, особено поради пикот на сезонскиот грип. Комисијата продолжува да ја следи ситуацијата.
Од 3 до 9 февруари 2025, во земјава се пријавени 2.880 случаи на грип или слични заболувања, што е намалување од 5,1% во однос на претходната недела. Најмногу заболени се деца од 0-4 години, а најголем број случаи има во Скопје (692) и Струмица (333).