Зад еден од најголемите хитови на Тоше Проески, наводно стои трагична приказна

Зад една од најтажните балади на трагично загинатиот Тоше Проески, песната Соба за тага, наводно се крие трагична приказна.

Имено, српските медиуми тврдат дека се работи за вистинска приказна напишана од затвореник.

Според првата верзија, затвореникот ја напишал песната додека бил во затвор поради убиството на љубовникот на неговата сопруга. Друга верзија тврди дека стиховите ги напишал затвореник, но оваа приказна вели дека тој бил затворен поради грабеж на банка и бил принуден да живее одвоено од својата љубов.

Исто така, се тврди дека текстот стигнал до менаџерот на Тоше, кој му ја препратил песната на пејачот и дека затвореникот не барал пари, туку само за почит на албумот. Но, на албумот е нагласено дека оригиналната верзија на песната со наслов „Sigkinonounta Doheia“ ја отпеа грчкиот пејач Дионисис Схинас, а дека верзијата на текстот што ја отпеа Тоше ја напиша Марина Туцаковиќ.

Дали е само измислица или има нешто во тоа, веројатно никогаш нема да дознаеме, но во секој случај оваа песна ќе остане една од најтажните отпеани на овие простори.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното