„Задоцнета реакција“: Втор протестен марш во Кочани, семејствата на жртвите бараат одговорност

Под мотото „Задоцнета реакција“, семејствата на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ денеска повторно излегоа на протест во Кочани. Ова е втор протестен марш откако се случи несреќата што одзеде 61 живот.

Маршот започна симболично во 12 часот и 5 минути од Паркот на револуцијата, време што ја симболизира доцната реакција на институциите – како еден од факторите што придонеле за катастрофата.

Пред полициската станица, граѓаните одржаа едноминутен молк, барајќи одговорност од безбедносните органи за нивната неефикасност. Потоа протестот продолжи пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство, каде што беше упатено јавно барање за информации и транспарентност околу текот на истрагата.

Семејствата на загинатите порачаа дека нема да престанат да маршираат додека не се утврдат причините и одговорните за трагедијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното