Заев ќе бара од Ахмети „амин“ за да ја напушти премиерската фотеља

Премиерот Зоран Заев за ТВ21 објави дека денеска ќе има средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој додал дека средбата ќе биде попладне во Владата.

Вчера лидерот на СДСМ, ја предаде функцијата во партијата на неговиот наследник Димитар Ковачевски.

Се очекува на средбата да биде разговарано околу актуелните политички случувања, односно за новиот мандатар кој треба да ја преземе Владата на Заев, за разговорите со помалите коалициони партнери, за очекуваните кадровски рокади во новата Влада, како и за датумот за почнување на преговори со Европската унија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното