Заев од изборот на спортисти за 2018 година: 75 милиони денари за изградба на Дом на спортовите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, синоќа присуствуваше и се обрати по повод свечениот настан „Спортисти на годината 2018“ кој го организираше Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации. Тој беше придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и министерот за внатрешни работи и потпретседател на Владата, Оливер Спасовски.

На овој настан беа присутни спортисти, спортски работници, претставници на спортските федерации, како и поддржувачи на спортот.

Се вчитува...

„Навистина е величенствен чинот, преку ваквите спортски награди, да ја завршиме оваа 2018 година, со надеж за уште поголеми успеси во годината која што доаѓа. Мене ми е драго да бидам предводник на извршна власт, којашто има силна мотивација, да вложи сериозни пари и веќе вложува сериозни пари во поддршка на спортот, затоа што веруваме дека идоли за сите нас, сте токму вие спортистите од нашата земја. Затоа, она што до сега го правиме, со вложување сериозни и квалитетни средства во федерациите и спортските клубови и продолжуваме да растеме со буџетот. Следната година имаме дополнителни 6 милиони евра, ваучерскиот систем стартува од јануари 2019 година, што дополнително значи нови 6 милиони евра за сите спортски клубови. Во Буџетот кој што помина пред некој ден, 75 милиони денари се веќе предвидени за изградба на Домот на спортовите“, рече претседателот на Владата на Република Македонија Заев.

Извор: ТВ21