Премиерот Зоран Заев рече дека процесот на разговори околу изнаоѓање заеднички кандидат продолжува и најави дека утревечер во партијата ќе почне да се разгледуваат нивните анализи и предлози, но и она што им го посочиле партиите со кои бараат заеднички кандидат.
-Ние утревечер имаме координација. Дотогаш очекуваме сублимат од сите политиички партии за нивни сугестии околу анализите кои ги направија, но и да сугериираат конкретни имиња, рече Заев
Според него, нема поголеми проблеми меѓу коалициските парнери, а одредени слабости, рече, веројатно се наше секојдневие, и ќе ги решаваме. Но, додаде Заев, во никој случај тие не треба да ги загрозат глобалните процеси кои се важни за сите граѓани и државата.