Заев во историја! Македонија доби нова Влада на чело со Димитар Ковачевски

По само две години од новата Влада (Заев 2) Македонија вчерва доби нова, овој пат на нејзино чело застанува Димитар Ковачевски. Собранието пред полноќ во законски предвидениот рок според деловникот ја изгласа Новата Влада. Владата доби поддршка од 62 пратеници.

Вкупно збор во двата дена имаа 35 пратеници од кои 18 од редовите на опозицијата и 17 од парламентарното мнозинство. 63 реплики имало на говорите во Собранието.

Падот на Заев следуваше по локалните избори минатата година, кога самиот рече дека доколку СДСМ го загуби градот Скопје тој ќе се повлече од функцијата, но за некое тоа било само алиби за повлекувањето на Заев. Ако е така, досега Заев не ја соопшти вистинската одлука за неговото повлекување.

Новата Владата на Ковачевски со себе донесе и нови лица. Дел од минатата Влада добија нови позиции, други пак целосно си отидоа, заедно со Заев.

Трети пак се налутија дека не се дел веќе од новата Валда, па дури и соопштија детали кои дотогаш ги криеле поради непознати причини, дури и се заканувале со оставка.

Зоран Заев е веќе во историја, а ќе остане запаметен по Договорот од Преспа и решавањето на деценискиот спор со Грција, како внесувањето на Македонија во НАТО Алијансата.

Тој го потпиша и договорот за добрососедство со Бугарија, земја која сега, по Грција застанува на патот на Македонија кој води до Европската Унија.

Ковачевски уште од првиот ден ќе се соочи со тој проблем, па меѓу првите гости на Илинденска број 2 ќе биде токму и новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој доаѓа во земјава по повод 30 годишнината од признавањето на Македонија како независна држава.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното