Загина пешак на патот Куманово – Крива Паланка

На 11 ноември годинава во 15.40 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од село Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од село Градец, кривопаланечко.

Во незгодата, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното