Замрзнатиот дожд предизвика уривање на дрвја и далноводи во американските сојузни држави Мичиген и Висконсин, поради што денеска останаа без електрична енергија стотици илјади луѓе во горниот дел на регионот на Големите езера. Метеоролозите најавија дека невремето ќе ја погоди американската сојузна држава Тенеси бидејќи ветерот достигнува брзина од 112 километри на час, со можност за торнада, но и голем град. Повеќе од 200.000 имоти останаа без струја во Мичиген и Висконсин.
СЛЕДЕТЕ НЕ: