Службеното возило што го користел градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, беше запалено синоќа, а инцидентот беше пријавен во полицијата, која презема сите потребни мерки.
„Неодамна бевме сведоци на организирано создавање наратив на омраза и напади врз мојата работа само затоа што ги штитиме интересите на градот Мостар. Таквиот наратив има свои последици, а овој настан јасно покажува каква е целта на оние што го поттикнуваат“, рече Кордиќ.
Тој вели дека му е жал затоа што се нашле во ситуација каде што мора да бараат полициска заштита за да ги извршуваат своите службени должности.