Ноќеска во 01.15 часот во близина на струмичката брана Водоча, била пријавена запалена викендица.
На терен излегле ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 6 пожарникари-спасители.
Пожарот е пријавен од случајни минувачи и беше во поодмината разгорена фаза. Веднаш после пристигнувањето беше спречено неговото ширење а потоа пристапено кон негово целосно ликвидирање.
Причинета е голема материјална штета.