Свет

Запрено истекување на гас од Северен тек 2

Запрено истекување на гас од Северен тек 2

Истекувањето на гас од гасоводот Северен тек 2 во Балтичкото Море е запрено , објавија АФП и Ројтерс. Данските власти рекоа дека биле информирани за ова од операторот на гасоводот. Според соопштението, притисокот во гасоводот е стабилизиран, што значи дека повеќе не тече гас.

„ Притисокот на водата повеќе или помалку го затвори гасоводот, така што гасот во него не може да избега“, според Улрих Лисек, портпарол на Северен тек 2. „Заклучокот е дека сè уште има гас во гасоводот“, додаде тој.

Претходно, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер изјави дека Германија, Данска и Шведска заеднички ќе го испитаат истекувањето на гасот. Таа прецизираше дека разговарала со нејзините колеги од Данска и Шведска и дека истрагата ќе ја води заеднички тим во согласност со правилата на ЕУ.

„Сите знаци укажуваат на саботажа против гасоводите Северен тек 1 и 2“, додаде таа, цитирана од Труд.

Фесер прецизираше дека безбедносните сили со зголемена внимателност ја следат германската енергетска инфраструктура, но засега нема конкретни информации за закани врз германските капацитети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни