Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска информираше дека засега нема официјална информација или препорака дека овошјето и зеленчукот од подрачјето на Трубарево не треба да се консумираат. Тој ја даде оваа изјава одговарајќи на новинарски прашања, при што се повика на официјалните резултати од анализите кои покажале дека нема радиоактивност во водата, ниту опасни тешки метали во почвата по пожарот во фабриката за рециклирање.
Во однос на здравствената состојба на населението, министерот соопшти дека по дводневниот активен скрининг на локалните жители, вкупно 18 лица се упатени на понатамошни лекарски процедури на Клиниката за пулмологија.
„Првиот ден поминаа 111 лица од кои 11 продолжуваат на Клиниката за пулмологија, а вториот ден 103 граѓани поминаа низ процедурите и од нив 7 продолжуваат на Пулмологија“, појасни Алиу. Тој нагласи дека ова не е завршна фаза и дека, согласно протоколите, ќе се спроведат уште два контролни скрининга – по три и по шест месеци.
Министерот додаде дека е испратен и допис до институциите со кој се повикуваат сите пожарникари и вработени во МВР и Министерството за одбрана кои учествувале во гаснењето на пожарот, да се јават во здравствените установи доколку почувствуваат какви било симптоми.
Во врска со еколошкиот мониторинг, тој потсети дека вредностите во воздухот, водата и почвата повторно ќе се проверуваат по еден месец, како и по првиот дожд.
На истата прес-конференција, министерот Алиу информираше и дека стручната комисија за „кардиолошките случаи“ ја завршила работата на осум предмети и дека во вторник ќе продолжи со анализа на пет нови случаи.
Читај и ова:
- 1.Паника во Полска: Аеродромите се затворени, луѓето бараат соборување на руските авиони
- 2.Лукашенко: Одговорот на соборувањето на руските и белоруските авиони ќе следи веднаш
- 3.Овие земји ја укинаа промената на часовникот!
- 4.ЈАКИМОВСКИ СО ШОКАНТНИ ОБВИНУВАЊА: „Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош преку фирма набавува лекови за Онкологија, затоа доцнат терапиите“
- 5.Данска ги затвори аеродромите за цивилни летови до петок