Засилени контроли на храна во зимските туристички центри и угостителските објекти: Еден оператор санкциониран за недоследност

​По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за
храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред
новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти,
домовите за стари лица и кујните во градинските и училиштата, во новата
година, покрај со редовните, продолжува циклусот на спроведување и на
засилени, вонредни контроли.

Во петокот, на 24.01.2025 година, како атрактивни граѓаните во овој период од
годината, АХВ спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и
објектите за малопродажба во зимските туристички центри. Контролирани беа
вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка,
Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.

Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само
кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со
храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е
налог за итна регистрација

Кај другите контролирани оператори со храна, не се утврдени отстапувања од
законските прописи за безбедноста на храната.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното