Затворена сендвичара во Штип по случаи на труење со храна

Бројот на средношколци кои се затруле со храна во сендвичара во Штип се зголеми на вкупно 15.

Првично беа регистрирани пет случаи, но бројката, како што велат, нагло пораснала во текот на денот.

По пријавата од Центарот за јавно здравје – Штип, инспектори на АХВ спровеле вонреден инспекциски надзор. Од објектот биле земени примероци од храната и брисеви од работните површини, а сендвичарницата е веднаш затворена.

„Објектот ќе остане затворен сè додека лабораториските резултати не потврдат дека храната е безбедна за консумирање“, соопштија од АХВ.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.