Збрка околу најавениот студентски пленум на УКИМ – новинарски екипи избркани, обвиненија за политизација

Невообичаена ситуација денеска на платото на УКИМ, каде требаше да се одржи студентски пленум најавен од „Независниот студентски сојуз“. Иако собирот првично беше најавен за 13 часот, а потоа откажан преку допис испратен до медиумите од истата електронска адреса, на крајот сепак се случи собир – но без присуство на медиуми.

Неколку минути пред најавениот почеток, еден од студентите-организатори преку мегафон ги информираше присутните дека собирот ќе се одржи внатре и побара новинарите да не снимаат, со јасна порака: „Новинарите не смее да не снимаат“.

Новинарските екипи кои дојдоа да го проследат настанот беа вербално нападнати и избркани од неколку млади лица кои извикуваа дека не сакаат присуство на медиуми, нарекувајќи ги „платеници“ и обвинувајќи ги за пристрасност.

Дополнителна конфузија создаде и нов допис испратен до медиумите, повторно од истата е-адреса и со истото лого на Независен студентски сојуз, во кој се наведува дека.

Во него, НСС УКИМ обвинува дека партијата Левица се обидела да го киднапира студентското движење и најавува поднесување кривична пријава за лажно претставување во нивно име.

Во меѓувреме, за вечерва во 18:59 часот е најавен протестен марш во Скопје, организиран од иницијативата „Кој е следен?“, како реакција на трагедијата во Кочани. Од СВР Скопје информираат дека во центарот на градот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Состојбата со студентското организирање останува нејасна, со поделени пораки и недоверба, а денешните настани само ја засилија сликата за зголемени тензии и обиди за политичко влијание во време на чувствителна општествена атмосфера.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното