Бојан Јовановски-Боки 13 од затворот Идризово итно е пренесен на Клиника и задржан на болничко лекување, објави А1он повикувајќи се на изјавата на неговиот адвокат Владимир Туфекџиќ.
Неговиот адвокат вели дека Јовановски е задржан на лекување во хируршката клиника откако неговата состојба се влошила иако и самиот Боки 13, реагирал претходно и барал прекинување на издржувањето на казната затвор пред кривичниот судот, но тоа не му било прифатено поради тоа што домскиот доктор Јулијана Ангелова, тврдела дека тој во затворот ја добивал потребната нега и немало потреба од болничко лекување.
-Состојбата на Боки 13 е животозагрозувачка. Гастроскопијата покажа дека има четири нови улкуси и постои опасност од отстранување на желудникот, но и покрај наодите на лекарите , судот поклони верба на медицинскиот наод и мислење на домскиот лекар од КПУ Идризово во кој ваквите факти се квалификувани како хипотетички претпоставки, изјави адвокатот Туфегџиќ за порталот А1он.
Минатиот месец Боки 13 беше претепан во затворот, а поради влошена здравствена состојба и претходно беше на дополнителни прегледи на Клиника.