Зеленски: Доаѓањето на Трамп претставува надеж

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доаѓањето на Доналд Трамп за претседател на САД претставува надеж за решавање на многу проблеми, вклучително и глобални, пренесува Anadolu.

Со полагањето заклетва во Капитол, Трамп денеска и официјално стана 47-ми претседател на САД, а Зеленски по тој повод објави честитка на социјалните мрежи.

„Денес е ден на промени и ден на надеж за решавање на многу проблеми, вклучително и глобални. Претседателот Трамп е секогаш одлучен и неговата декларирана политика на мир преку моќ дава можност за зајакнување на американското лидерство и постигнување траен и праведен мир, а тоа е најважно“, рече Зеленски.

Тој му посака успех на Трамп на функцијата.

„Се радуваме на активна и заемно корисна соработка. Заедно сме посилни и можеме да обезбедиме поголема безбедност, стабилност и економски раст на светот и нашите земји“, рече Зеленски.

Во изјавите за време на изборната кампања, како и по изборната победа, Трамп рече дека ќе стави крај на војната меѓу Русија и Украина.

И Путин му честиташе на Трамп

Кремљ денеска објави и порака од рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека Русија е отворена за дијалог со администрацијата на Трамп за Украина.

Во соопштението за печатот се наведува дека Путин денеска одржал состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија, на кој се разговарало за ситуацијата на Блискиот Исток и Украина, како и за односите меѓу Русија и САД.

„Отворени сме за дијалог со новата американска администрација за украинското прашање. Најважниот елемент овде е да се елиминираат основните причини за кризата. Краткорочен прекин на огнот или пауза за повторно вооружување на воените сили за продолжување на конфликтот е надвор од Прашањето мора да се постигне долгорочен мир врз основа на почитување на легитимните интереси на сите народи“, рече Путин.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното