Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во петокот дека неговата земја нема да престане да се спротивставува на руската инвазија.
Зеленски денеска објави видео порака по повод 100-тиот ден од војната. Опкружен со други високи функционери, Зеленски постапи пркосно.
– Нашиот тим е многу поголем. Украинските вооружени сили се тука. Најважно е што нашиот народ е тука – рече Зеленски.
Сто дена ја браниме Украина. Победата ќе биде наша! – рече украинскиот лидер, пренесува АП.