Зеленски се согласува на преговори со Русија: „Путин, те чекам во четврток, лично“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен лично да дојде во Истанбул во четврток на средба со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за крајот на војната.

Неговата објава дојде кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од Украина да се согласи со понудата на Путин за директни разговори меѓу двете земји во Турција.

Нема смисла убиствата да продолжат. И ќе го чекам Путин во Турција во четврток. Лично“, напиша Зеленски.

Тој претходно изјави дека Украина е отворена за преговори со Русија, но само откако ќе стапи на сила прекинот на огнот.

Западните сили повикаа на 30-дневен прекин на огнот, кој би започнал во понеделник, по состанокот на европските лидери во Киев кои го предводат т.н. „коалиција на добронамерните“. Понудата на Путин за директни преговори дојде по таа средба.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното