Земјотрес од 5,1 степени ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот е регистриран во морето, во близина на архипелагот Рјуку, на длабочина од 10 километри, на околу 187 километри од Окинава.

Според првичните информации, нема извештаи за повредени или материјална штета.

Надлежните органи не издале предупредување за цунами.