Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Мраморното Море, во близина на градот Бурса, северозападна Турција, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Потресот е регистриран во 8:28 часот по локално време (7:28 часот по бугарско време). Неговиот епицентар бил на 14 километри од градот Караџабеј, а длабочината на седум километри.
Земјотресот беше почувствуван во многу области на округот Бурса.
Нема информации за материјална штета или повредени лица.