Балкан

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди островот Крит

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди островот Крит

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава на грчкиот остров Крит, јави ТВ Скај.

Земјотресот се случил во 9:11 часот во морето во близина на префектурата Ласити, соопшти грчкиот институт за геодинамика. Неговиот епицентар бил на 38 километри северо-североисточно од селото Неаполи, каде од минатата недела е регистрирана сеизмичка активност.

Длабочината на избувнувањето се проценува на 14,4 километри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни