Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја стресе Романија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 6 минути, на територијата на Романија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во централниот дел на земјата. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 90 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното