Земјотрес со јачина од 4,9 степени го погоди западниот дел на Турција

Вечерва, во 21:20 часот по локално време, западниот дел на Турција беше погоден од земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на потресот бил лоциран во близина на градот Синдрги (Sındırgı), на околу 51 километар југоисточно од Баликесир, на длабочина од 10 километри.

Според првичните информации, земјотресот бил почувствуван во повеќе градови во регионот, но засега нема податоци за повредени лица или материјална штета.

Локалните власти апелираа граѓаните да останат мирни и да ги следат упатствата на службите за цивилна заштита, додека сеизмолозите продолжуваат да ја следат состојбата по првиот потрес.