ЗЕМЈОТРЕС СРУШИ ЏАМИИ ЗА ВРЕМЕ НА МОЛИТВА! Страшни сцени од Мјанмар, се стравува дека меѓу жртвите има и деца

Најмалку три лица загинаа во делумно уривање на џамија во Мјанмар за време на утринава катастрофален земјотрес.

Скај њуз пренесува дека еден од очевидците изјавил за Ројтерс.

  • Се молевме кога почна да се тресе… Тројца загинаа на лице место – рекол маж од Таунгну во регионот Баго.

На социјалните мрежи се појави и видео од џамијата во Мандалај, која исто така беше уништена во земјотресот.

Локалните медиуми јавија дека таму загинале околу 20 лица, а се стравува дека меѓу загинатите има и деца.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното