Зграда се урна врз автомобил, луѓе заглавени – драматична снимка од земјотресот во Еквадор

Силен земјотрес го погоди Еквадор нешто по 18 часот, а на социјалните мрежи веќе се шират драматични снимки од земјотресот. Како што можете да видите, некои куќи се урнати, луѓето во паника истрчале од своите автомобили и соби. Се уште нема официјални информации дали има повредени и колкава е материјалната штета.

Оние кои биле во продавниците ги снимиле како бегаат од зградата, а на видеата може да се види дека полиците во продавниците се целосно превртени. Се гледа и како луѓето се собираат на улиците во страв од евентуален нов земјотрес.

Драма на улиците

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  ТРАГЕДИЈА ВО ЗАМБИЈА: Седум рудари загинаа, 20 исчезнаа во нелегален тунел за рудник за бакар

На интернет се појави и видео од случајни минувачи и пожарникари кои се обидуваат да ги спасат луѓето затрупани во автомобил откако ѕид од зграда се урна во историскиот центар на Куенка.

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала се случи во близина на брегот на Еквадор.

Длабочина 80 километри

Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 80 километри околу 18:12 часот. Американскиот систем за предупредување соопшти дека нема опасност од цунами по земјотресот, пренесува Ројтерс.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  ВИДЕО Жена насилно задоволувала непознат човек во авион: Се борел, па престанал да дава отпор, а таа била уапсена по слетувањето во Москва

Епицентарот бил на околу 60 километри северно од Мачала и на околу 20 километри северозападно од Наранџал, Еквадор.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното