Жена загина во тешката несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

81-годишна жена загина во тешката несреќа која попладнево се случи на автопатот Тетово – Гостивар.

Две лица пак, се тешко повредени.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи кој вели дека се судриле патничко возило „пежо“ со охридски регистерски таблици, кое го управувал Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „,мерцедес“ со словенечки национални ознаки, управувано од А.А.(19) од Гостивар.

На самото место на повредите им подлегнала 81-годишната Д.М. од Охрид, која била сопатничка во „Пежото“

Увид на местото на несреќата врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното