Српските медиуми пишуваат дека ГХБ се продава на така наречениот „дарк веб“, што е исклучително тешко да се контролира.
Дрогата која го „брише“ помнењето не ретко се користи и за силување, а од неодамна може да се пронајде во Хрватска, и во Србија.
Иронијата да биде уште поголема, психологот Снежана Репац вели дека оваа дрога ја злоупотребуваат дури и жените.
„Некои жени лековите од оваа категорија ги земаат доброволно бидејќи делуваат релаксирачки на мускулатурата. Така лицето кое е напнато и со грчеви зема „дрога“ за да има сексуални односи“, вели Репац.
Српски Курир разговараше со психологот за последиците на оваа дрога.
„Доколку на девојката некој и стави дрога во пијалокот, и после дојде до сексуален чин, тоа фактички е силување без отпор бидејќи таа нема да може, ниту пак ќе сака да се одбрани. За жртвата подоцна тоа е шок затоа што дрогата го брише помнењето, а истата ќе биде збунета бидејќи нема да може да препознаат што всушност се случило. Ова чувство може да предизвика жената да не може да си прости, да се обвинува себеси, да се прашува зошто излегла или зошто седела со тие луѓе. На жената ќе и останат трауми и потребно ќе биде нега и закрепнување. Лицата кои можат ова да го направат се сериозни психопати бидејќи се изживуваат врз жртвата“, посочува Репац.
Таа потсетува дека оваа дрога за прв пат се појавила во Србија пред 10 години, но полицијата успеала да ја сузбие нејзината продажба и злоупотреба.
Сепак, во земјата сега повторно истата може да се набави, а најчесто ја носат странци, претежно туристи.