Жените воодушевени од несовршената фотографија со стомак на Кајли Џенер: „Ова сакаме да го видиме“

Кајли Џенер имаше само девет години кога се прослави во семејното шоу Keeping Up With the Kardashians. Таа порасна пред камера и изгради кариера како магнат за убавина и милијардерка, а сега своите деца ги воспитува пред камера.

320 милиони луѓе ја следат на Инстаграм, а секој производ што го објавува на таа платформа се распродава за неколку часа. Моќта на секоја фотографија што таа ја објавува е очигледна.

Затоа, жените ширум светот со ентузијазам ја дочекаа реалната фотографија од нејзиниот стомак откако минатиот месец роди син. На фотографијата, стапалата на бебето се притиснати на нејзиниот стомак, кој изгледа како стомак на секоја новопечена мајка.

“Како мајка, навистина ја ценам суровоста на оваа фотографија. Истегната кожа, стомак по породувањето и малку повеќе килограми. Се ми се допаѓа”, напишала една мајка на Редит.

„Ова е содржината што ја сакаме од жените со таква платформа“, додаде другa.

„Мило ми е што го објави ова. Ова е нормализација на нормалните тела“, рече друга обожавателка.

Кајли тогаш отворено кажа дека овој пат се справува потешко од првиот пат и дека ова е психички и физички предизвик за неа.

За прв пат сакаше сè да изгледа совршено

„Овој пат ми е потешко отколку кога ја родив ќерка ми. Не е лесно ниту психички ниту физички, прилично е лудо“, рече таа додека одеше по лентата за трчање.

“Тешко е. Во ред е да не е добро. Кога сфатив дека си ставам премногу притисок на себе, се потсетив дека сум човек и имам убаво, здраво момче. Треба да престанеме да се тераме да се вратиме по породувањето “, додаде таа.

Пред четири години, кога ја роди ќерката Сторми, Кајли веднаш се врати на објавување совршени содржини, ретуширани фотографии на кои беше беспрекорно нашминкана и облечена во тесни фустани. Таа дури во еден момент морала да избрише фотографија од Инстаграм бидејќи обожавателите забележале лош фотошоп.